Кандидатикте предлоежни од претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, универзитетската професорка Арлинда Кадри-Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, денеска го поминаа собранискиот филтер и станаа нови членики на Судскиот совет.
Тие денеска на 80 собраниска сеница беа избрани со апсолутно мнозинство. Професорката Кадри-Шахиновиќ ја доби поддршката на 63 пратеници, кои гласаа „за“, додека 15 се изјаснија „против“, а еден беше воздржан.
За Сузана Јошевска-Анастасовска „за“ гласаа 72 пратеника, осум беа „против“, а еден се изјасни како „воздржан“.
За функциите во телото што ја оценува работата на судовите и избира, оценува и разрешува судии и претседатели на судови, се избрани на предлог на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова.
Сиљановска Давкова денеска лично во Собранието ја образложи својата одлука, велејќи дека тоа го прави во рамките на новиот Закон за Судски совет. За двете кандидатки рече дека се стручни, компетентни и дека зад себе имаат волонтерска и хуманитарна работа.
„Се разбира секому можете да му најдете забелешка, особено ако работите се анализираат политички, а мора да се анализираат политички, меѓутоа јас се обидов да мерам. Имав многу кандидати пред себе, имав многу биографии, но се обидов не само да се водам од професионалноста и компетентноста, туку ако сакате и од јавноста, оти реформски процеси можат да водат само препознатливи личности во определена област. Јас верувам дека двете кандидатки не ги предложив заради тоа што се жени, туку пред сè заради нивната стручност и компетентност“,рече Сиљановска-Давкова.
На стартот на почетокот на своето образложение, претседателката им ја честита Новата година на пратениците и рече дека изминатата година била многу тешка.
ДУИ гласаа против предлозите на претседателката Сиљановска-Давкова.