На полицискиот сајт никна потерница по младиот Саит што прегази жена и избега

Во наведените информации пишува дека лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик.

Министерството за внатрешни работи на својот сајт објави информација дека е распишана меѓународна потерница по 18 годишниот Саит Саитов од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје.

Во наведените информации пишува дека лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик.

Според информациите на МВР, трагична сообраќајна несреќа се случи на улицата „Народен фронт“ во Скопје, при што животот го загуби 79-годишна жена, а возачот побегна од местото на настанот и ја напушти државата.

Патничко возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Саитов удрило во пешакот Љ.Ј. (79) од Скопје. Жената починала од здобиените повреди.

Полицијата успеала да го идентификува возилото и возачот преку камерите на системот „Безбеден град“, снимки од околните објекти и изјави на сведоци. Утврдено е дека возилото е сопственост на Б.С. (45), татко на возачот. Автомобилот бил пронајден пред нивниот дом, каде бил затекнат и приведен 69-годишниот С.С. (дедо на возачот), со кого е извршен службен разговор, соопшти МВР.

Во полициската станица се одземени две возила: „пасатот“ со кој била прегазена жената и возилото „мерцедес“ со кое осомничените ја напуштиле државата. За случајот е известен јавен обвинител, а постапката продолжува до целосно расчистување, велат од МВР.

Зачлени се на нашиот е-билтен