Во Тетово влезница за затворениот базен за машки е 150, а за женски 100 денари – Зошто?

Тетово
Фотографија од официјалната Фејсбук страница на Општина Тетово

Општина Тетово на својата страница на Фејсбук објави дека градскиот базен од 12.01.2026 (понеделник) до 01.03.2026 (недела), во периодот од 08:30 до 16:00 часот, ќе може да го користат сите граѓани.

Цената на влезницата е 150 денари за машки и 100 денари за женски, како што пишува во објваата.

Нема објаснување зашто за „машки“ е поскапо, односно зошто за „женски“ е поевтино.

Се јавивме на телефонскиот број за кој пишува „За повеќе информации“, 075 353 259, но човекот што ни се јави рече дека нему не му е познато зошто е таа разлика и ни рече да се јавиме во општината.

Веб страницата на Општина Тетово е во изработка, но на двата телефони кои се оставени за контак, не се јавува никој.

Испративме и мејл со следната содржина: Ве молиме да ни објасните зошто цената за влезница во затворениот базен во Тетово е различна за „машки“ и „женски“. На вашата Фејсбук страница стои:  Цената на влезницата е 150 денари за машки и 100 денари за женски.

Штом ќе го добиеме одговорот ќе го објавиме и можеби ќе биде појасно зошто различни цени за „машки“ и „женски“.

Зачлени се на нашиот е-билтен