„Имаме многу сериозни проблеми почнати за извршување и дека е добро да се завршат некои од нив“, порача претседателката на Северна Македононија во гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сите.
Таа порача дека не е време за избори е време да се креираат решенија во однос на измените на Изборниот законик за што се разговараше на лидерската средба.
„Како професорка како и многу други мои колеги би рекла дека лидерските средби ги јакнат лидерите, но ги слабеат институциите, но во поделено општество како што е нашето и во рамки на консоцијативната демократија што ја вградивме не само во праксата туку и во Уставот добро е понекогаш да се сретнат. Многу подобро одошто да разговараат со посредници, амбиентот е поинаков, луѓето се однесуваат поинаку. И тогаш кога се надвор од очите на јавноста успеваат да бидат поприродни. Резулатот го видовме, сите беа релаксирани уверени дека следниот чекор ќе биде уште подобар. Мислам дека недостигаше и требаше таму да биде лидерот на опозицијата Венко Филипче“, рече Сиљановска Давкова.
Неучеството на Филипче претседателката го гледа „како негова грешка“ затоа што, како што посочи, „доби покана“.