За Водици: ЈСП со неделен возен ред, жичницата мирува

ЈСП
Фото: Надица Ангеловски, Рацин.мк

Јавниот превоз во Скопје во понеделник, 19 јануари 2026 година, ќе сообраќа по неделен возен ред поради верскиот празник Богојавление – Водици, соопшти ЈСП Скопје.

Исклучок од овој режим ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои ќе возат по саботен возен ред, што во пракса значи различна фреквенција во однос на останатите линии.

Од ЈСП информираат и дека на Водици, во периодот од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата во Транспортниот центар.

Жичницата на Водно нема да работи на празникот. Претпријатието потсетува дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за жичницата се неработни денови.

Празничниот ден традиционално носи зголемено движење низ градот, особено во деловите каде се одржуваат верските церемонии. За 19 јануари е најавен и посебен режим на сообраќај на одредени локации, со можни привремени затворања и пренасочувања, па граѓаните се повикуваат навреме да ги планираат патувањата.

Зачлени се на нашиот е-билтен