Тренчевска: „Сејф сити” мора да има механизам за заштита на податоците од злоупотреби

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не е против воведување ред и подобрување на безбедноста во сообраќајот преку системот „Сејф сити”, забелешките се во делот на заштитата на податоците, надзорот и можните злоупотреби, посочи потпретседателката на СДСМ и пратеничка Јована Тренчевска во гостување во емисијата „360 степени”.

Тренчевска нагласи дека загриженоста на СДСМ, е отсуството на јасен механизам за контрола и надзор над системот „Сејф сити”.

„Надзорот над целиот овој систем на „Сејф сити” го нема во законот и тоа е едно прашање за коешто мора да се разговара. Мора да има механизам за надзор и контрола. Вака како што е поставен системот, не знаеме кој контролира, не знаеме дали ќе има злоупотреби. Кој го храни софтверот, кој го храни компјутерот- човечки фактор на крајот на денот”,рече Тренчевска

Таа додаде дека загриженоста постои и од аспект на политичка злоупотреба, особено имајќи го предвид начинот на кој владее ВМРО-ДПМНЕ.

Зачлени се на нашиот е-билтен