Трамп одржа чуден говор во Давос, а еве што кажа за Гренланд, Европа, НАТО…

Тој неколку пати ја нападна она што го нарече „Нова зелена измама“, оценувајќи ја како „најголемата измама во историјата“. „Треба да заработувате пари со енергија, а не да губите пари“, рече тој.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес во Давос одржа необичен 75-минутен говор пред светските политички и бизнис лидери на Светскиот економски форум, во кој се осврна на голем број теми – од Гренланд и НАТО, преку Европа и миграцијата, до Украина, царини и енергија.

Еве кои клучни точки од говорот на Трамп ги пренесуваат светските медиуми

Гренланд: Трамп рече дека бара „итни преговори“ со Данска за преземање на Гренланд, тврдејќи дека „само САД се способни да ја заштитат таа огромна копнена маса, тоа огромно парче мраз“.

Употреба на сила: Велејќи дека тоа е неговата „најважна изјава“, Трамп рече дека нема да употреби сила. „Не морам да користам сила. Не сакам да користам сила. Нема да користам сила“, рече тој.

НАТО: Тој ги отфрли тврдењата дека преземањето на Гренланд од страна на САД ќе му наштети на НАТО, додавајќи дека САД „даваат многу, а добиваат многу малку за возврат“.

Економија: Тој тврдеше дека САД доживуваат „економско чудо“ под неговото претседателствување, наведувајќи пад на инфлацијата и економскиот раст „како што можеби ниедна земја досега не видела“.

Тарифи: Дел од тој економски успех го припиша на зголемените тарифи за странските земји, за кои рече дека имаат за цел да „платат за штетата што ја предизвикале“.

Европа: На почетокот на говорот, тој ја обвини Европа дека „не оди во вистинската насока“ поради „постојано растечките владини трошоци, неконтролираната масовна миграција и бесконечниот увоз од странство“.

Миграции: Тој рече дека Европа воведува „сосема различни популации од далечни места“, додавајќи дека „некои места во Европа, искрено, веќе не се ни препознатливи“.

Украина: Трамп рече дека води разговори со рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Работам со претседателот Путин и верувам дека тој сака договор. Работам со претседателот Зеленски и мислам дека и тој сака договор. Денес се среќавам со него“, рече тој.

Животна средина и енергија: Тој неколку пати ја нападна она што го нарече „Нова зелена измама“, оценувајќи ја како „најголемата измама во историјата“. „Треба да заработувате пари со енергија, а не да губите пари“, рече тој.

Обединетото Кралство и енергијата: Зборувајќи конкретно за Обединетото Кралство, Трамп рече дека земјата денес произведува само една третина од енергијата што ја произведувала во 1999 година, и покрај тоа што „се наоѓа на Северното Море, едно од најголемите енергетски наоѓалишта во светот“, додавајќи дека ова е една од причините за „катастрофално ниските нивоа на енергија и подеднакво високите цени“.

Зачлени се на нашиот е-билтен