Хегсет дава „совети“ како да се избегне ICE

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет објави графика на социјалните мрежи со упатства за „како да се избегне ICE“, нудејќи три чекори, откако вчера агенти на федералната служба за имиграција и царина (ICE) застрелаа и убија маж во Минеаполис.

„1. Немојте да бидете тука нелегално. 2. Не напаѓајте агенти на ICE. 3. Почитувајте ги федералните и државните закони“, пишува на графиконот.

Соопштението на Хегсет доаѓа откако тој за пукањето во кое беше убиен Алекс Прети ги обвини раководството на Минесота и „лудите луѓе на улицата“.

„Фала му на Бога за патриотите во ICE. Ние сме со вас 100%. Вие ја спасувате оваа земја. Срам за раководството на Минесота и лудаците на улица“, напиша Хегсет.

Зачлени се на нашиот е-билтен