Бугарија со проблеми и со изборот на в.д. мандатар за влада

Бугарија

Како што се очекуваше, гувернерот на Бугарската национална банка (БНБ) Димитар Радев ѝ го потврди на претседателката Илијана Јотова својот веќе изразен став дека нема да раководи со привремена влада, објавија бугарските медиуми.

Двајцата се сретнаа порано денес во Претседателството на Бугарија во рамките на постапката за назначување привремен кабинет.

„Доколку прифатам, ова би било прекршување и на бугарското и на европското законодавство, како и на воспоставените етички норми во централното банкарство“, рече Радев и прецизираше: „Санкцијата е итна оставка“.

На прашањето дали ова важи и за заменик-гувернерите на Централната банка, Радев одговори дека новинарите ќе имаат можност да ги прашаат.

Според него, таков развој на настаните претставува ризик од дестабилизација на можеби најстабилната јавна институција во моментов, а тоа е БНБ.

Следат средби со заменик-гувернерите на БНБ Петар Чобанов, Радослав Миленков и Андреј Ѓуров.

Зачлени се на нашиот е-билтен