Јаник Синер е четвртиот полуфиналист на тенискиот турнир Австралија Опен.
Тој денеска во четврфиналето го совлада Американецот Бен Шелтон.
Со по еден брејк во секој сет, Синер славеше со 6:3, 6:4 и 6:4, оставајќи му малку простор на американскиот тенисер за изненадување.
Во полуфиналето Синер ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ кој се пласираше во полуфиналето откако Мусети го предаде мечот.
Во второто полуфинале ќе играат Карлоз Алкараз и Александар Зверев.