Елена Рибакина ја освои титулата на Австралија Опен 2026, откако во возбудливо финале ја совлада светската број еден Арина Сабаленка со 6-4, 4-6, 6-4 на „Род Лејвер Арената“.
Казахстанската тенисерка одигра зрел и стабилен меч, а клучниот момент се случи во третиот сет, кога по негативата од 3-0 успеа да се врати со серија од пет гема и целосно да го преземе контролата врз финалето.
Рибакина подобро го отвори натпреварот и го освои првиот сет, Сабаленка возврати во вториот, но во решавачките моменти искуството и смиреноста беа на страната на новата шампионка. Финалето траеше нешто повеќе од два часа и понуди врвен тенис, долги разменувања и драматична завршница.
Со оваа победа, Рибакина ја освои својата прва титула на Австралија Опен и испрати силна порака дека ќе биде еден од главните фаворити и на следните Гренд слем турнири.