Дума и Росоклија го дупнаа балонот на сензационалистичките медиуми за “трговија со мозоци“

Дума

Професорите д-р Алексеј Дума и д-р Горазд Росоклија, специјалист по неврологија, невропатологија и психијатрија на Универзитетот Колумбија во САД, го дупнаа балонот на сензационалистичките медиуми во Македонија кои информациите за научна соработа меѓу институти во Македонија и Америка што се појавија во дел од фајловите на Епштајн ги прогласија за “трговија со мозоци“.

Горазд Росоклија во изјава за Топ Тема на Телма, објасни дека станувало збор за грант од фондацијата на Епштајн за поддршка на проект во кој мозочните ткива биле користени во истражувањето за утврдување на причините за болестите поврзани со невролошкиот систем, вклучувајќи го и мозкокот.

Росоклија истакна дека за земањето ткива и за нивно користење во научните истражувања, биле добиени сите потребни етички одобренија и писмени согласности од семејствата, а воедно изнесе и свое претпоставување дека писмото до Џефри Епштајн било насочено кон обезбедување средства за научна работа.

Професорот д-р Алексеј Дума во изјава за ТВ 24 инсистира дека станувало збор за медицинско-научно истражување, спроведено по меѓународни стандарди и преку официјални канали.

Дума, кој во контекст на дел од објавените медиумски шпекулации е посочен како тогашен директор на Институтот за судска медицина, нагласи дека транспортот на мозочни примероци од починати лица од Македонија до САД бил организиран преку официјални летови, со комплетна документација за научна работа и со царински контроли и во Македонија и во САД. 

Во настапот на ТВ Телма, пак, Дума не исклучува дека грантот на Епштајн за овие научни истражувања бил мотивиран до даночните олеснувања во вакви случаи, што е нешто што е вообичаено во САД, но со тоа завршува неговата поврзаност со транспортот на мозочни примероци од починати лица од Македонија до САД исклучиво за научни цели.

Зачлени се на нашиот е-билтен