[Фото] СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ

Додека Македонија ја тресе картелски скандал со 5 тони дрога, власта молчи. Нема одговор ниту за сликите на Мицкоски со криминалецот Симе уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари. Од ВМРО рекоа дека станувало збор за „исклучиво само една фотографија“. Но, излезе и втората фотографија. Сега еве и трета фотографија на Симе со премиерот Мицкоски. 

Ова се истакнува во соопштението на СДСМ, кое во продолжение го прененсуваме целосно:

Нова слика, старо друштво на Мицкоски. Изгледа Мицкоски има цел албум слики со Симе.

Јавноста треба да знае: што ги поврзува Мицкоски и Симе?

Ништо не е случајно.

Прво корупција. Потоа криминални тендери. Па злоупотреби на европски пари. Па дрога од 5 тони. И за цело време слики со тешки криминалци.

Граѓаните заслужуваат одговор.

Што бара Мицкоски толку често во друштво на криминалец од ваков калибар?

Каква е нивната поврзаност?

Зачлени се на нашиот е-билтен