Во гостувањето на Топ тема на ТВ Телма, новинарката Менче Точи за време на нејзината кариера кога работела во А1 телевизијата дошла до сознанија дека од Македонија се носат мозоци на испитување на Унвиерзитетот Колумбија. По информациите таа започнала да истражува, а првата потврда пристигнала од Психијатриската болница во Скопје од тогашниот директор.
„Информациите говореа дека таму има пациенти кои остануваат со години, по 20 по 30 години заборавени од семејството. Тоа е како еден мал град умираат луѓе. Што се случувало не знам, но патот ме одведе до професорот Колумбија (Росоклија), ме однесе до Судска медицина и до Царина. Кога јас требаше да тргнам со проектот веќе имав четири страни“, рече новинарка Точи во Топ Тема.
Точи посочи дека тогаш вработените во Царина и кажале дека првпат слушаат за такво нешто и дека не се запознаени. Па така започнала и да си ги поставува прашањата: Дали семејствата знаеле за такво нешто? И како тие мозоци излегувале од државата?
Точи вели дека новинарското истражување ја довело до името на професорот Горазд Росоклија како носител на проектот, но кога стапила во контакт со него тој не сакаал да зборува.
„Проектот бил завршен и немало зошто јавноста да се занимава со тоа“, рече Точи и додаде дека Росоклија во неколку наврати вршел притисок тоа да не се објавува.
Таа говореше и за нејзината средбата со професорот Росоклија во Скопје.
„Се сретнавме во познатата пицерија ‘Галија‘, и тука почнаа убедувања зошто да се откажам од проектот, да не објавувам ништо дека сè е во ред, дека работат на епохални откритија. Имиња нема да спомнувам, се јавив и во Судска медицина, и таму ми рекоа дека има проект. И дека соседна Бугарија сакала да го земе проектот, но еве ние сме го зеле и треба да сме среќни. Зошто почнаа притисоци од професорот да не објавувам ништо, не знам. Она што ме шокираше сите овие години е тоа што на една од телевизиите излезе прилог како кампања во позитивна смисла за проектот, дека во Македонија се прави многу добро нешто. Јас тогаш не почнав со истражувањето, бидејќи бев во фаза на докажување и доверба во тогашната телевизија во која работев“, рече Менче Точи.
Таа откри и дека добила покана од професорот Росоклија да престојува еден месец на Универзитетот Колумбија, но ја одбила поканата.