Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, која преживеа рак, проговори за моментите на страв и исцрпеност низ кои поминала пред да влезе во ремисија. Таа објави трогателно видео од нејзината посета на пациенти со рак на Инстаграм.
„На Светскиот ден на ракот, моите мисли се со сите кои се соочуваат со дијагноза на рак, се подложуваат на третман или наоѓаат пат до закрепнување. Ракот допира до толку многу животи – не само на пациентите, туку и на семејствата, пријателите и лицата кои се грижат за нив. Како што знае секој што го поминал тој пат – тој не е линеарен. Постојат моменти на страв и исцрпеност, но има и моменти на сила, љубезност и блискост“, рече 44-годишната Мидлтон.
Таа ги повика засегнатите да се сетат на важноста на грижата, разбирањето и надежта, додавајќи: „Ве молам знајте дека не сте сами.“
Мидлтон објави во март 2024 година дека ѝ е дијагностициран рак и дека е подложена на третман. Во септември истата година, таа објави дека завршила „екстремно интензивна“ хемотерапија, а четири месеци подоцна, дека е во ремисија.
Потоа постепено се врати на своите кралски должности и ја презеде новата улога како заеднички покровител на Кралската болница Марсден.
Во 2025 година, принцезата почна почесто да се појавува во јавноста – вклучително и на забавата во Кралската градина и на Вимблдон.
Принцот Вилијам, исто така, проговори за својата борба со ракот, признавајќи дека не очекувал болеста да влијае на нивното семејство, но истакна дека сега сè се движи во вистинската насока. Двојката има три деца: принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.