Италијанскиот ас Јаник Синер, во последните неколку денови е во центарот на вниманието од неколку неочекувани причини.
По поразот од Новак Ѓоковиќ на Отвореното првенство на Австралија, тој одлучи да ја прескокне церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри за да отпатува порано во Доха и да се подготви за турнирот во Катар.
А потоа, целосен пресврт. Вториот тенисер во светот го остави рекетот настрана за кратко време и „ја смени професијата“, па се појави во улога на контролор на билети во трамваите на Милано.
Иако, се разбира, станува збор за слатка шега, Синер всушност ги поздравуваше патниците во јавниот превоз, ги проверуваше и им ги читаше билетите. Граѓаните на Милано беа изненадени, но и воодушевени од фактот дека еден од најдобрите спортисти што ги има Италија во моментов им се смешка.
Погледнете како изгледаше во приложеното видео:
I giornali pronto a far partire l’ennesimo caso nazionale su #Sinner e lui va in giro tranquillo per la stazione centrale di Milano a obliterare biglietti con Bebe Vio 😂😂😂
— Katia ⭐️⭐️ (@_KatiaPa) February 5, 2026
pic.twitter.com/ye6LtvnV36