Кого претставува Тимчо Муцунски како министер? Само ВМРО-ДПМНЕ?

Муцунски

Кого претставува Тимчо Муцунски како министер? Само ВМРО-ДПМНЕ? Овие прашања логично се поставуваат ако се има предвид профилната фотографија на официјалната Фејсбук страница на македонскиот министер за надворешни работи и меѓународна трговија.

Одговорот на овие прашања може да има неколку верзии: Или е заборавен и не може да се сети да ја симне кампањската изборна профилна фотографија; Или е премногу импресиониран од изборната победа и именувањето за МНР па не може да престане да си се восхитува; Или намерно го прави ова, си тера пропаганда и ја партизира функцијата наспроти сите етички стандарди за избраните и именувани функционери.

Муцунски, очигледно, има некоја потреба да инсистира дека тој е партиски војник, иако и стандрадната политичка култура, но и свечената изјава за избор на член на Владата, го обврзува да ги „симне“ од секое место партиските обележја додека ја врши јавната функција за да биде прифатен како министер (слуга) на сите граѓаните на Република Северна Македонија

Еве како гласи свечената изјава кога во Собранието се избира составот на Владата: “Изјавувам дека функцијата (да се наведе функцијата) ќе ја вршам совесно и одговорно и ќе го почитувам Уставот и законите на Република Северна Македонија”.

А Уставо и законите на Северна Македонија јасно определуваат дека се однесуваат на сите граѓани на нашата држава, како и на избраните функционери во извршната власт коишто ја извршуваат должноста за време на нивниот мандат.

Зачлени се на нашиот е-билтен