СДСМ: Максим – ЗНАМ политика како приватен бизнис

СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим. Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните. Тоа веќе сите го знаат.

Од СДСМ со контрааргументи за обвинувањата на ЗНАМ. Од таму велат дека ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски признал дека не живее од плата.

„СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим.
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните. Тоа веќе сите го знаат. Со ваквата политика, сè да биде приватен бизнис на тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра“, велат во СДСМ.

Од СДСМ посочуваат дека за времето на ковид кризата државата се задолжувала за да им помогне на граѓаните, за разлика, како што велат, ‘од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои се луксузираат на грбот на народот и вратат тендери’.

„Таков е примерот со тендерот од 1,2 милиони евра Пошта, за фирмата блиска до ЗНАМ. Додека вработените во Пошта со месеци им доцнат платите. Работниците да гладуваат, а тие да живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби“, велат од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен