Денешното, саботно, издание на дневниот весник „Данас“ предизвика силни реакции од јавноста по објавувањето на насловната страница, на која, заедно со фотографија од српскиот патријарх Порфириј, стои пораката „Ни српска, ни православна, ни црковна“.
Црно-белата фотографија на поглаварот на Српската православна црква користи визуелна и текстуална симболика што многу коментатори ја оценија како несоодветна и провокативна, особено во општествен контекст во кој Црквата традиционално ужива високо ниво на доверба од граѓаните.
Во текстот, весникот се повикува на мислењата на одредени „експерти“ од областа на историјата, кои ги толкуваат одредени потези на Српската православна црква во особено негативно светло, заради поддршката на СПЦ на власта на Вучиќ во оваа земја
Таквиот пристап дополнително ги зголеми критиките дека станува збор за намерен напад врз институција која, според анкетите на јавното мислење, со години е еден од најстабилните столбови на општеството.
За провладините аналитичари, ппа, ова не е изолиран случај на напад врз Црквата и религијата кои ги сметаат за клучни елементи на општествениот идентитет, туку дел од поширок модел на дејствија насочени кон продлабочување на поделбите во јавноста. Ваквите дејствија, додаваат тие, наидуваат на силен отпор од страна на голем дел од граѓаните, за кои верата и Црквата се важен фактор на единство и стабилност.