ССМ: Не сме дојдени само по минимални плати, туку и за правдина

ССМ

Не сме дојдени само по минимални плати, туку и за правдина, рече Иван Пешевски, претседател на Синдикатот за градежништво (СГИП) при Сојузот на синдикатите на Македонија, денеска пред Собранието на Северна Македониуја каде што се организираше блокадата која што ј најавија синдикатите.

„Во име на работниците денеска го блокираме Собранието. Со цел да се зголемат платите, Како на минималната на 600 евра, та и на сите за 6000 денари, онолку колку што поскапе животот на граѓаните сано за една година. Се надеваме дека пратениците ќе го стават законот на дневен ред бидејќи не сме дојдени само за платите, туку и за правдина“, рече Пешевски.

Тој посочи дека само патните трошоци на пратениците за една година се многу повеќе од годишната минимална плата на работниците.

„За таа цел се надеваме дека ќе се одважат и дека ќе го стават на дневен ред предлогот на ССМ за минималната плата. Во спротивно ќе блокираме вио четврток и прес Стопанска комора, и пред работодавачи, а селдниот вторник ќе ги блокираме и влезите на Владата“, информираше Пешевски.

„Доколку сметаат дека тој комодиутет што го уживаат народните избраници, не го заслужуваат работниците, тука сме да им го земеме нивниот комодитет, односно и они да си пресметуваат платите како што им се пресметува платата на работниците, според коефицинетот на минималната плата, а не според просечната“, рече Иван Пешевски, претседател на Синдикатот за градежништво (СГИП) при Сојузот на синдикатите на Македонија

Зачлени се на нашиот е-билтен