Силниот земјотрес во Косово се случи во една од црвените зони!

Балканот е регион каде што се судираат големи тектонски плочи, што го прави сеизмички активна клима

Силен земјотрес, со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, синоќа го погоди Косово, поточно Призрен во близина со границата на Македонија. Епицентарот на земјотресот бил 19 километри источно од Призрен и 15 километри северозападно од Тетово. Поради близината на епицентарот земјотресот беше почувствуван особено во западниот и северозападниот дел од државата, во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Охрид и Струга, Куманово.

Во одредени подрачја било забележано нишање на лустери и поместување на полесни предмети, но засега нема информации за посериозна материјална штета.

Македонија како дел од сеизмички активна зона

Балканскиот регион претставува подрачје каде што се судираат Евроазиската, Африканската и Анадолската тектонска плоча, што го прави сеизмички активен. Македонија се наоѓа во сложена геолошка средина со повеќе активни раседи.

Најпознати сеизмички зони во државата се: Вардарската сеизмичка зона, Дебарско-охридската зона, Пелагониската зона, Скопската котлина.

Медиумите во Србија, каде исто така се почувствува земјотресот пишуваат, дека по појавата на земјотрес со ваков интензитет можно е да се регистрираат последователни, послаби потреси. Сепак, експертите нагласуваат дека, не постои научен метод за прецизно предвидување на следен силен земјотрес.

Иако земјотресот од 4,8 степени беше силно почувствуван во делови од Северна Македонија, ваквите појави не се невообичаени за сеизмички активниот балкански регион. Според стручната јавност, нема причина за паника, туку за внимателност и подготвеност.

Земјотресот се почувствувал и во Србија, Албанија, Бугарија и Црна Гора. Граѓаните низ целиот Балкан пријавиле дека почувствувале земјотрес.

Инаку епитетот земјотресна зона на Балканот го носат првенствено земјотресите од Турција и Грција, бидејќи самите земји од поранешна Југославија не се познати по интензивна сеизмичка активност. Сепак, би било неточно да се каже дека немало разорни земјотреси ниту на овие територии. Балканот е тектонски активна област поради судирот на три големи плочи: евроазиска, африканска и анадолска, кои понатаму се поделени на помали плочи. Овие процеси создаваат чести, иако обично послаби, земјотреси“, пишува во анализата на Центарот за предвидување на земјотреси „Квантектум“.

Зачлени се на нашиот е-билтен