„Згрешив, но ништо не направив“: Ирански затвореници осудени на смрт се појавија на државната телевизија (ВИДЕО)

Групите за човекови права, тврдат дека иранскиот режим извршува тајни егзекуции и користи смртоносна инјекција, а затворениците се држат на телевизија.

Во последните недели, иранската телевизија емитуваше стотици присилни „признанија“ од затвореници осудени на смрт за водење „војна против Бога“ по масовните антирежимски протести.

Се верува дека илјадници луѓе биле убиени или приведени кога протестите завршиле со смртоносна репресија од страна на Гардата на Исламската Република Иран.

Оттогаш, властите почнаа да ги вадат затворениците од нивните ќелии за телевизиски испрашувања, со цел да се всади страв кај населението.

Групите за човекови права, тврдат дека иранскиот режим извршува тајни егзекуции и користи смртоносни инјекции, пишува Дејли Меил. Од почетокот на протестите кон крајот на декември, активистичките агенции потврдија 6.961 смрт, претежно на демонстранти, а уште 11.630 случаи се под истрага.

Иранските лекари стравуваат дека вистинскиот број на убиени би можел да биде над 30.000
Евидентирани се повеќе од 51.000 апсења. Затемнувањето на интернетот го отежнува документирањето на вистинскиот број на жртви, а иранските лекари сугерираат дека вистинскиот број би можел да надмине 30.000.

Арина Моради, членка на Организацијата за човекови права Хенгав, тврди дека затворениците се подложени и на „лажни“ егзекуции како форма на психолошка тортура.

Норвешката организација „Иран хјуман рајтс“ вели дека во моментов истражува неколку веродостојни извештаи дека демонстрантите биле „тајно егзекутирани во неколку затвори“ низ целата земја.

„Не за егзекуција, туку за божја правда!“

Шервин Багериан, 18, се појави во едно од телевизиските „признанија“ на Иран облечен во светло сина затворска униформа и лисици. За време на видеото, тој беше обвинет за поттикнување на демонстранти против режимските сили и удирање по телата на мртвите безбедносни службеници.

Тие бараа да каже „колку семејства уништил, колку деца оставил без родители“, поради што Багеријан во еден момент очајно се струполил над масата со главата во рацете.

Бел осуден на смрт и молел за својот живот: „За Бога, не смрт! Господе, грешев, грешев, те молам, за Бога, не направив ништо“.

Зачлени се на нашиот е-билтен