Малолетник од Кочанско со пиштол му се заканувал на друг малолетник

МВР информира дека вчера, (19.03.2026) во 15:45 часот во с.Тркање, кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани лишиле од слобода 16-годишник од селото.

Тој се сомничи дека на 13.03.2026, по претходна расправија за девојка, со пиштол се заканувал на друг малолетник од с.Оризари, кочанско.

„Во присуство на родител, адвокат и социјален работник, извршен е службен разговор со малолетникот и одземени се пиштол „екол” калибар 9 мм и рамка со еден куршум.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“ соопштуваат од МВР.

Зачлени се на нашиот е-билтен