Авион на Ер Канада (AC.TO) се судри со аеродромско возило при слетување на аеродромот Ла Гвардија во Њујорк, објави денес веб-страницата за следење летови FlightRadar24.
Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) издаде забрана за сите авиони на овој аеродром до 06:30 часот по средноевропско време, објавува Ројтерс.
Во соопштението на FAA се наведува дека забраната за движење на авиони е резултат на вонредна ситуација, а во посебно известување до пилотите, FAA соопшти дека аеродромот може да биде затворен до 19:00 часот по средноевропско време.
Непотврдени снимки објавени на социјалните медиуми покажаа оштетување на носот на авионот, но Ројтерс не можеше веднаш да ја потврди автентичноста на снимката.
Ер Канада, FAA и Противпожарната служба на Њујорк не одговорија веднаш на барањето за коментар.
