Најомразени земји во светот: оваа држава е на прво место во 2026 година

Најомразени земји во светот е темата што ја отвори новата глобална листа за 2026 година, според која Кина се наоѓа на првото место, пред САД и Русија. Рангирањето се базира на анализи и податоци од „World Population Review“, кои ги следат глобалните перцепции и ставови на луѓето кон различни држави. 

На второто место се Соединетите Американски Држави, додека Русија е на третото место, со што овие три светски сили продолжуваат да доминираат на врвот на оваа листа. Анализите покажуваат дека негативните ставови најчесто се поврзани со нивното влијание врз глобалната политика, воени интервенции и економско влијание врз други држави. 

Покрај нив, во првите десет се најдоа и Северна Кореја, Израел, Пакистан, Иран, Ирак, Сирија и Индија. Листата ја продолжуваат земји како Обединетото Кралство, Јапонија, Саудиска Арабија, Германија, Нигерија, Турција, Јужна Кореја, Авганистан, Филипини и Италија. 

Според анализите, причините за ваквите перцепции се различни – од авторитарни режими и кршење на човекови права, до воени конфликти, економски влијанија и културни фактори. Земји како Северна Кореја и Саудиска Арабија често се критикувани поради политичкиот систем, додека Израел се споменува поради воени операции, а Русија поради војната во Украина. 

Иако ваквите листи не се официјален показател за реалните односи меѓу државите, тие даваат увид во тоа како глобалната јавност ги перципира политиките, влијанието и улогата на одредени земји на светската сцена.

Зачлени се на нашиот е-билтен