Владата денеска ја активираше кризната состојба за која била донесена одлука на вчерашната седница. Кризната состојба ќе трае 30 дена и е донесена како последица на попречените извори и патиштата на за испорака на стратегиските енергенси како и заради попречување и блокирање на нивниот увоз во државата.
Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука се активира главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе биде во постојано заседавање заради следење на мерките и активностите и координирано дејствување.
Со оваа владина одлука се задолжуваат органите на државна управа да преземат мерки и активности за справување со состојбата и надминување на последицата од судир на интереси за користење на изворите и патиштата на стратегиските енергенси како и попречување и блокирање на нивниот увоз во Македонија, се вели со соопштението на Владата што и да значи тоа.
