Со ограничувања за торентирање и за политичко и граѓанско изразување преку интернет, Северна Македонија оценка со 84 од 100 можни поени е рангирана во горната половина на листата на Cloudwards која спроведе сеопфатна глобална студија за слободата на интернет по земја.
Според извештајот, социјалните медиуми и VPN мрежите остануваат целосно достапни со што Северна Македонија е во друштвото на групата земји како Канада, Грција, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Австрија и Уругвај.
Додека некои интернет корисници не мора да се грижат за блокирање на популарните веб-страници или соочување со последици за изразување мислења онлајн, други работат под многу построги дигитални ограничувања. За да се разбере каде онлајн активноста е најмногу, а каде најмалку ограничена, Cloudwards спроведе сеопфатна глобална студија за слободата на интернет по земја.
Најдобро рангирани земји за слобода на интернет со највисок резултат скор 92, што укажува на најмалку ограничувања на интернет се уште и Белгија, Костарика и Источен Тимор и Нов Зеланд, кои се протегаат на четири различни континенти.
Најограничени: Северна Кореја постигна 0, бидејќи само мала група доверливи елити може да пристапи до глобалниот интернет. Русија, Пакистан, Иран и Кина следат веднаш зад нив со резултати од само 4. Земјите со резултат од 20 или помалку се распространети низ Азија, Африка и Европа.
Со резултат од 64, Соединетите Американски Држави се наоѓаат на средината на рангирањето заедно со земји како Јужна Африка, Јапонија и Австралија. Велика Британија и Јужна Кореја се рангирани пониско, со резултати од 52 и 32, соодветно.
