Нови експлозии во Тел Авив и контрадикторни вести за почеток на преговори

експлозии

Неколку експлозии одекнаа утрово во Тел Авив по предупредувањето за ирански ракети, според израелските служби за итни случаи.

Маген Давид Адом, израелски еквивалент на Црвениот крст, пријави шест полесни повреди на четири различни локации и објави видеа од делумно уништена зграда и запалени возила.

Полициските сили и тимовите за деактивирање бомби моментално се распоредени на местата на нападот, соопшти полицијата во Тел Авив.

Американските и иранските претставници даваат спротивставени информации за можни преговори поврзани со тековната војна

Претседателот Доналд Трамп тврди дека ги одложил најавените напади врз иранските електрани по „продуктивните“ разговори со Техеран, додека претседателот на иранскиот парламент негира дека се одржале какви било разговори и ги нарекува тврдењата „лажни вести“.

Медиумите пренесуваат дека функционер на иранското Министерство за надворешни работи вели дека Техеран добил „поенти од САД“ преку посредници за мжни преговорите за прекин на војната.

Зачлени се на нашиот е-билтен