„Албански сојуз“ ќе се вика партијата на Села

Зијадин Села конечно „расчисти“ со Алијанса за Албанците и реши неговиот политички субјект да настапува под името Албански сојуз.

Тој во интервју за „Лајм“ рече дека луѓето кои се дел од оваа политичка групација имаат идеали, се вистинити и ќе продолжат заедно да градат една цврста политичка структура. Прашан дали ова значи дека ќе формира нова партија, Села вели:

-Не сум оставил на случајноста, сум ја создал таа нова политичка партија, таа е Албански сојуз, има црвено-црни бои. Идејата на Алијанса за Албанците и нејзините каузи имаат свое продолжение.

Инаку, Села претходно водеше правна битка за името на „Алијанса за Албанците“ по конфликтот со Арбен Таравари, по што судот одлучи дека токму Таравари е легитимниот претседател на АА.

Зачлени се на нашиот е-билтен