Тело на 25-годишна жена е пронајдено пред Филозофскиот факултет во Белград

Белград

Полицијата ги истражува околностите околу трагичниот инцидент што се случи синоќа пред Филозофскиот факултет во Белград, каде што беше пронајдено телото на млада жена на возраст од околу 25 години, објави БГНЕС.

Началникот на полициската управа Стари Град, Раденко Ресановиќ, извести дека сигналот е примен во 22:40 часот по локално време, по што полицајците пристигнале на местото на настанот.

Според првичните извештаи од очевидци, пиротехничките средства биле активирани и запалени на петтиот кат од факултетот, по што жената, за која се верува дека е студентка, скокнала од прозорец.

Случајот е пријавен во надлежното обвинителство, кое наредило увид. На лице место се спроведуваат процедурални и истражни дејствија, вклучително и собирање докази и испрашување сведоци.

Пиротехничките средства биле изгаснати по некое време од страна на вработени во факултетот, а во моментов не е јасно како биле внесени во зградата.

Ресановиќ нагласи дека неправилната употреба на вакви средства е неприфатлива и може да доведе до сериозен ризик за животот и безбедноста на граѓаните.

Истрагата е во тек, а повеќе информации се очекуваат по завршувањето на увидот.

Зачлени се на нашиот е-билтен