Претседателот на СДСДМ, Венко Филипче, реагираше на вчерашната изјава на Христијан Мицкоски во која тој ја коментираше платата на лекарите и дека со помош на еликсири работеле, истакнувајќи дека ваквите изјави се мизерни и навредливи за медицинските професионалци.
„Христијане, за разлика од тебе, што ништо не си работел ние сме работеле и дежурале и 24 часа и повеќе денови конститутивно во неделата, и моите колеги имаат право со работа да заработат. Затоа што не случајно ги зголемивме платите и дежурствата на лекарите за да имаат достоинствен живот. Ти не си тој којшто ќе каже колку докторите треба да заработуваат, поради тоа што тоа е работна навика, тоа е посветеност за спасување животи за унапредување на нашиот здравствен систем. Мизерно и срамота е да кажеш како еден универзитетски професор дека докторите работат на еликсири“, му порача Филипче на Мицкоски.