Летното сметање на времето започнува на 29 март 2026 година, кога во 2 часот по полноќ часовниците се поместуваат еден час напред, односно директно на 3 часот. Ова значи дека ноќта ќе биде пократка за еден час, а деновите ќе станат подолги.
Промената се случува во ноќта меѓу сабота и недела и е дел од редовната практика што се применува во повеќето европски земји, каде времето се менува секоја година во последната недела од март.
Со поместувањето на стрелките напред, се губи еден час сон, но се добива повеќе дневна светлина во вечерните часови. Оваа практика има за цел подобро искористување на природната светлина, иако со години се водат дебати за нејзината оправданост и влијанието врз здравјето.
Летното сметање на времето ќе трае до крајот на октомври, кога стрелките повторно ќе се вратат еден час назад и ќе започне зимскиот период.