САД го најавуваат своето неизбежно повлекување од војната со Иран, додека Израел тврди дека ги прекинува нападите врз клучните воени цели на Револуционерната гарда. Во меѓувреме, јеменските Хути се приклучуваат на конфликтот со ракетни напади врз израелски цели. Во исто време, борбите продолжуваат во Либан.
Конфликтот меѓу Израел, Соединетите Американски Држави и Иран продолжува да се шири со сè повеќе директни напади и вклучување на нови актери во регионот.
Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, изјави дека американската војска наскоро ќе се повлече од војната против Исламската Република, штом ќе бидат сигурни дека владата во Техеран е разнишана.
И израелската армија објави дека „во наредните денови“ ќе заврши со таргетирање на речиси сите клучни воени и логистички објекти на Револуционерната гарда.
Додека Вашингтон и Израел тврдат дека наскоро ќе ги прекинат операциите, јеменските Хути штотуку се придружија на конфликтот – со испукување ракети врз „израелски воени цели“.
Во меѓувреме, нападите на ИДФ продолжуваат низ Либан, а најмалку 50 луѓе се убиени само во последните 24 часа, вклучувајќи тројца либански новинари.
Дека мирот не е на повидок укажува и пораката на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, кој истакна дека Техеран ќе одговори „силно“ на секој напад.