Петар Тодоров за двојните стандарди на Муцунски

Муцунски

Членот на македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања во претходниот состав, историчарот Патер Тодоров, вели дека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во ТопТема на Телма телевизија манипулираал за работата на Комисијата за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија.

„Клеветите за предавства, дека не биле штитени националните интереси, искажани додека беше во опозиција и во септември 2024 година кога оваа влада именуваше нов состав на Комисијата, сега за министерот Муцунски биле ‘различно гледиште за одредени работи’, па во иста реченица повторно да клевети, дека во одредени периоди во работата на Комисијата ‘се правеле непотребни отстапки’”.

Тодоров го повикува Муцунски да каже кои се тие “непотребни отстапки” и во кој период се направени.

„Можете слободно тоа да го кажете, бидејќи не е потребна декласификација на работата на Комисијата. Ништо не е класифицирано во работата на Комисијата“, укажува историчарот Тодоров.

Како опозиционери ви одговараше да ја инструментализирате работата на Комисијата за партиски интереси, реагира Тодоров.

„Со неодговорни изјави да вршите политички притисок врз нејзината работа, што, пак, најмногу им одговараше на националистите во Софија“, оценува поранешниот член на комисијата.

„А сега молк. Не смеело да се коментира за да не се наштетело на нејзината работа. Какви сте, Итар Пејо ќе го зафркнете“, завршува со коментар на социјалните мрежи членот на македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања во претходниот, историчарот Патер Тодоров .

Зачлени се на нашиот е-билтен