Цените на горивата ќе останат исти или минимално зголемени, Мицкоски вели ќе се намалат

цените

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да ги објави новите малопродажни цени на нафтените деривати, во услови на изразена нестабилност на светските берзи. Врз основа на движењата на референтната берза ФОБ Италија, се предвидува диференциран пристап во корекцијата на цените.

Прогнозите се дека ќе има намалување на цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 и ЕУРОСУПЕР БС – 98 за приближно 2 денари по литар.

За евродизелот се очекува да остане истата цена или да има мининалем раст од 0,5 денари, а цената на екстра лесно масло да остане на ниво од 92 денари.

Овие проекции се темелат на петдневниот просек на цените на суровата нафта тип БРЕНТ, кои и покрај повремените падови, остануваат под силно влијание на воениот конфликт во кој е инволвиран Иран.

Од друга страна, ако се верува на изјавите на премиерот Мицкоски, тој најавува намалување на бензините. Својата проекција ја темели на  владината стратегија за справување со енергетската криза е одлуката на Министерството за финансии за привремено намалување на стапката на ДДВ за горивата од 18% на 10%. Премиерот Христијан Мицкоски нагласува дека оваа мерка, со првичен рок од две недели, веќе ги дава очекуваните ефекти преку амортизирање на ценовните шокови за крајните потрошувачи.

Зачлени се на нашиот е-билтен