Сања Божиновска подготвила бизнис со конторверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Давидовиќ-Дака, човек кој е на црната листа на САД поради сомнежи за перење пари, поврзаност со криминални организации и офшор бизниси.
Ова денеска на прес конференција го соопшти Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ.
„За бизнис интересот на Мицкоски во енергетиката нема граници, ниту црната листа на САД не е пречка. Кога Мицкоски вели децении дека е спремен да чека, еве ја позадината. Антикорупцискиот тим на СДСМ открива уште една алка во мрежата на Мицкоски и министерката за енергетика Божиновска“, истакна Димитријевиќ.
Додека државната ЕСМ генерира загуби од над 100 милиони евра годишно, увозот на струја расте, граѓаните плаќаат поскапа струја власта тера црни бизниси, беше посочено на прес конференцијата, компанијата на Давидовиќ-Дака „Хронос сум“ од јануари годинава Божновска ја ставила во Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година, објавен од владата.
„Истражувањето на АКТ покажува дека „Хронос сум“ е дел од офшор мрежа, со сопственост која се движи од Црна Гора, преку Панама, па повторно назад. Класичен модел за прикривање на вистинските сопственици и потеклото на капиталот. Оваа фирма поседува над 900 хектари земјиште во Штипско, наменето за изградба на фотоволтаични централи“, беше окриено на прес конферецијата на Димитријевиќ.
И од тука почнува приказната, продолжи тој.
„Хронос сум“ ја има основано компанијата во мај 2015 година, а веќе во август истата кога година кога е ВМРО на власт купува 900 хектари земјиште во напуштените штипски села Јамуларци и Скандалци за изградба на фотолтаици. Следната 2016 година сопственоста се префрла на панамската офшор компанија „Адастра Груп“. Од тогаш до сега, компанијата нема започнато никаква градба. Очигледно ова е сега нов почеток на старите бизнис шеми.
Генералниот сектретар на СДСМ Саша Димитријевиќ побара оваа одлука веднаш да биде поништена а Јавното обвинителство да отвори предмет и да го истражи овој случај.
Линк до Планот на Владата на Мицкоски: https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/godisni-planovi-za-izgradba-na-energetski-file-uo09.pdf