Вчера уапсени 16 возачи, 12 од нив возеле без возачка

Мнистерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило.

Од нив 12 возеле без возачка дозвола, од кои четири во Тетово, меѓу кои и еден малолетник и двајца во Гостивар. Исто така, по едно лице во Скопје, Велес, Штип, Свети Николе, Делчево и Битола возеле без дозвола. По еден возач во Кочани и Струга управувале возило под дејство на алкохол, а по еден возач во Куманово и Охрид управувале возило со активна забрана за управување патничко возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“ велат од МВР.

Зачлени се на нашиот е-билтен