Савески си ја чисти совеста по оставката на Ристоска: Одземањето на предметите Талир 1 и 2 не беше заради работата на обвинителката

савески

Шефот на државното јавно обвинителство Ненад Савески, во соопштение на веб страницата на институцијата се произнесе за оставката на Ленче Ристоска.

Вели: „Во принцип не сакам да коментирам лични одлуки, но сепак изразувам жалење за одлуката на колешката Ристоска. За ваквиот чин и од неа лично бев известен преку СМС порака по поднесување на оставката, а за причините за истата дознав од медиумите“.

Сацески истакнива е дека „Јавното обвинителство останува без јавен обвинител од кој очекував дека со своето повеќегодишно драгоцено искуство ќе даде придонес кон зајакнување на капацитетите на оваа институција, особено со нејзината позиција како обвинител за врски со Европравда“.

„Одлуката за отповикување на сите овластувања дадени од моите претходници не е персонална и во никој случај не е насочена кон работата на обвинителката Ристоска“, објаснува тој и додава дека таа одлука е од организациска природа и нејзината цел е зголемување на ефикасното постапување на јавното обвинителство.

Савески ги повика сите јавни обвинители заедно и секој поединечно, да не дозволат ништо да влијае врз нашиот професионален интегритет и секојдневна работа.

„Воедно, упатувам повик и до сите општествено влијателни субјекти да создадат атмосфера во која угледот на обвинителството нема да се загрози, бидејќи тоа е во интерес не само на јавното обвинителство, туку и на сите граѓани кои што ги остваруваат своите индивидуални права и слободи меѓу останатото и преку работата на оваа институција“, нагласува државниот јавен обвинител.

Шефот на државното јавно обвинителство Ненад Савески, во соопштение на веб страницата на институцијата посочува дека „сите одлуки што ги носам од почетокот на извршувањето на оваа функција и што ќе продолжам да ги носам се во насока да ја гарантирам независноста и самостојноста во работењето на Јавното обвинителство“.

Зачлени се на нашиот е-билтен