Младите во Струга заложници за правна држава

Младите од напредниот клуб „Учиме право“ од Струга на 3 април 2026 година го реализираа завршниот настан од програмата преку симулација на постапка пред Европскиот суд за човекови права, во која практично работеа на предмет поврзан со правото на фер и правично судење.

Во рамки на активноста, учесниците го обработуваа случајот „Ајнш Рици против Република Северна Македонија“, кој се однесува на наводна повреда на член 6 од Европската конвенција за човекови права. Симулацијата беше поставена околу предмет во кој новинар, по објавување текст од јавен интерес за висок државен функционер, се соочува со сериозни последици, закани и обид за ликвидација, по што поведува постапка пред домашните институции. Откако националните судови донеле одлуки во корист на функционерот, случајот е пренесен пред Европскиот суд за човекови права.

Преку оваа активност, младите од Струга не само што се запознаа со постапките пред Судот во Стразбур, туку и практично работеа на подготовка на правни аргументи, анализа на докази и толкување на европските стандарди за фер судење. Во фокусот беа прашањата за независност и непристрасност на судот, оценката на доказите и разумниот рок на постапката.

Организаторите посочуваат дека симулацијата им овозможила на учесниците да ги применат стекнатите знаења од областа на човековите права и истовремено да развиваат вештини за критичко размислување, јавно настапување и правно образложување.

Завршниот настан на клубот покажа дека младите во Струга преку вакви практични програми не само што учат за правото, туку стекнуваат и конкретни вештини што можат да ги применуваат во образованието и во јавниот живот.

Зачлени се на нашиот е-билтен