Нови цени: Дизелот пак нагоре, 100 денари веќе се гледаат

Од полноќ повторно се менуваат цените на горивата, а најсилно ќе се почувствува кај дизелот, кој оди на 98 денари за литар. Бензинот од 95 октани ќе се продава по 83,50 денари, бензинот од 98 октани останува 85,50 денари, а екстра лесното масло за домаќинство се качува на 95,50 денари.

Новата одлука значи дека дизелот поскапува за 2,50 денари во однос на ценовникот што важеше од 31 март, кога се продаваше по 95,50 денари за литар.

Во исто време, бензинот БС-95 се намалува за 0,50 денари, додека БС-98 останува на исто ниво. Вкупно, според објавените податоци, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,41 отсто.

Зачлени се на нашиот е-билтен