Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор (25) би можел да го напушти Реал Мадрид ова лето бидејќи нема никаков напредок во преговорите со клубот.
За него се заинтересирани бројни европски фудбалски гиганти.
Иако неговиот тековен договор е важечки до 2027 година, Флорентино Перез е подготвен да го продаде за да го избегне ризикот да замине за една година без обештетување, пишува „TимТалк“.
Главната причина за застојот во преговорите се финансиските барања на бразилскиот напаѓач. Винисиус сака да стане најплатениот играч во тимот и бара годишна плата поголема од онаа на Килијан Мбапе, кој пристигна во клубот во 2024 година.
Реал му понуди околу 18 милиони евра годишно, но Бразилецот одби. Неговото барање наводно е дури 28 милиони евра годишно. Таквиот договор би бил најскап во историјата на Реал Мадрид, споредлив со оној што го имал Кристијано Роналдо пред да се пресели во Јувентус.
Целата ситуација внимателно ја следи Манчестер Јунајтед, кој е најзаинтересиран да го доведе Бразилецот на „Олд Трафорд“.
Според „ТимТалк“, зстапниците на Винисиус веќе одржале состаноци со претставници на Јунајтед, но и со челници на други англиски клубови како што се Манчестер Сити, Арсенал, Челзи и Ливерпул. Освен англиските клубови, неговите агенти разговарале и со Пари Сен Жермен и Баерн Минхен. Зборуваме за клубови кои можат да си дозволат висока компензација и неделна плата, која би изнесувала околу 500 илјади евра.