Делови од Скопје и неколку околни села денес ќе останат без електрична енергија поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа. Најавени се прекини во Аеродром, Карпош, Ѓорче Петров, Петровец и Чучер Сандево, при што дел од исклучувањата ќе траат до 15 часот, а на одредени локации и до 15:30 часот.
Најдолги прекини се предвидени во Петровец и Ѓорче Петров. Во Катланово, Стари Лозја кај Фазанерија, Тотинци и селото Бадар струја нема да има од 8:30 до 15 часот, додека во селото Кожле прекинот е продолжен до 15:30 часот. Во Ѓорче Петров, без струја ќе останат дел од улицата „Ѓуро Салај“ и основното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во периодот од 9 до 15:30 часот.
Во Карпош, од 9 до 15 часот прекин е најавен за делови од улиците „Ловќенска“, „Илија Палев“ и „Леринска“, додека во Аеродром, поточно на улицата „Тодор Чангов“ број 8, 10 и 12, струја нема да има од 10 до 14 часот. Во Чучер Сандево, без електрична енергија од 8:30 до 15 часот ќе биде селото Блаце.
Станува збор за планирани, а не за хавариски прекини. Од Електродистрибуција наведуваат дека работите се дел од реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа, а граѓаните сите тековни и идни исклучувања можат да ги следат и преку мапата за прекини.