Нервози на аеродромите и границите новиот систем ги измалтретира патниците

Новите европски правила за пасошка и биометриска контрола веќе почнаа да создаваат притисок врз дел од аеродромите во Европа, а патниците што денеска патуваат кон Скопје од шенген-зоната треба да сметаат на можни доцнења уште пред качување во авионот.

Причината е целосната примена на системот Entry/Exit System, познат како ЕЕС, кој од 10 април дигитално ги регистрира влезовите и излезите на државјани од земји што не се членки на ЕУ и Шенген, наместо досегашното рачно печатирање на пасоши.

На скопскиот аеродром денеска веќе се забележуваат поединечни поместувања кај дел од пристигнувањата од европски дестинации, иако не станува збор за целосен колапс на редот на летање.

Сликата засега покажува повеќе забавувања и нарушена динамика отколку масовни откажувања, но токму во вакви денови и релативно кратките доцнења лесно можат да се прелеат во проблеми со бординг, преседнувања и чекања на терминалите.

За разлика од аеродромите, на патниот сообраќај кон македонските гранични премини попладнево немаше голема гужва, но останува предупредувањето дека можно е повторно создавање колони во попладневните часови.

Зачлени се на нашиот е-билтен