Министерството за правда најави дека во текот на утрешниот ден ќе побара од судовите и обвинителствата целосни списи за сите предмети што се водат или се воделе против поранешниот премиер Никола Груевски, по што ќе постапува според закон. Од ресорот потсетија дека Македонија еднаш веќе побарала негова екстрадиција, во ноември 2018 година, а барањето било дополнето и во јуни 2019 година, но Унгарија тогаш го одбила повикувајќи се на азилот што му беше одобрен на Груевски.
Новата најава доаѓа во момент кога темата повторно влезе во политичкиот фокус, откако во Унгарија се отвори прашањето за односот кон странски политичари што таму добиле засолниште. Во Скопје, притисокот за нова постапка дополнително се засили откако опозицијата јавно побара Министерството за правда повторно да отвори иницијатива за екстрадиција.