Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ

Миле Цеков ја напушта пратеничкаа група на партијата ЗНАМ која е дел од владејчкото мнозинство.

Тој од сега па натаму ќе дејствува како независен пратеник.

Во изјава за ТВ24 тој вели дека во политиката влегол да ја смени политиката а не себе си и дека е незадоволен од многу работи , односно дека промените кои ги олекувал и тој граѓаните не се случуват.

„По две години како дел од власта, сакам јасно да соопштам дека од овој момент ќе делувам како независен пратеник кој не е дел од власта. Станав пратеник пред две години за да се обидам да ги променам работите, да побарам одговорност за криминалот и корупцијата, да се борам за промена на системот, но и да покажам дека има место во политиката за чесни и работливи луѓе. Но, за жал, промените не се случуваат, вели Цеков за ТВ 24

Цеков за сега не откривао дали власта ја менува со поддршка за опозицијата, но вели отворен е за соработка со сите кои ги делат неговите вредности.

“Не можам да бидам дел од власт и партија што не ги дели вредностите во кои верувам“ порача пратеникот.

Зачлени се на нашиот е-билтен