Фрленa петарда меѓу граѓаните за време на оддавањето почит на жртвите од „Рибникар“

Граѓаните се собраа во голем број пред училиштето „Владислав Рибникар“, каде што им оддадоа почит на загинатите во трагедијата од 3 мај 2023 година, а камерата на Н1 го сними инцидентот кога од блиската зграда беше фрлена петарда во толпата.

Откако експлодирала петардата , меѓу толпата настанала кратка паника и врева, јавува Nova.rs.

Полицијата дошла на местото на настанот и влегла во зградата од каде што била фрлена петардата.

„Сите стоеја во мир и тишина. Положија цвеќе пред училиштето, за убиените деца и за чистачот. Тишината ја прекина силен истрел. Чад се издигна над групата што стоеше во ред за да положи цвеќе, во најгустиот дел од толпата. Јавноста веднаш беше вознемирена“, известува новинар на Нова.рс од местото на настанот.

Денеска се навршуваат три години од масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ , кога тогашниот 13-годишен К.К. уби девет свои соученици и еден обезбедувач, а повреди шест лица

Зачлени се на нашиот е-билтен