СДСМ: Мастеф – омилената фирма на власта добила 93 тендери вредни над 18 милиони евра

Додека владата нема пари за повисоки плати, нема пари за пензии ниту за мерки за граѓаните во криза фрчат тендери со милионски суми за едни исти фирми блиски до ВМРО-ОКГ, порача членот на ИО на СДСМ, Јон Фрчкоски.

„Денеска АКТ на СДСМ открива нов скандал.  Нова омилена фирма на ВМРО-ОКГ.  Фирмата МАСТЕФ ДООЕЛ, блиска до власта, добила дури 93 тендери. Вкупната вредност? Над 18,3 милиони евра. Народни пари. Нема ситни пари кога е ВМРО-ОКГ во прашање. Најголеми суми се реализирани во Скопје, каде е и последниот тендер за Луна парк, истата фирма. Кога Орце ветуваше чистење на градот очигледно мислел на џебовите на граѓаните, бидејќи ѓубрето стои. Пари се чистат на големо“ рече Фрчкоски.

Затоа, според Фрчкоски, во Македонија немало реформи, нема европско обвинителство, а нема ниту ЕУ.

„Заради лапање пари, заради криминал, заради тендери. Криминалот и корупцијата е најголемата закана за Македонија. Колку повеќе сме далеку од Европа, толку повеќе простор има за местење тендери, за богатење на блиски фирми и за организиран грабеж на државата. Прашањето е: До кога Јавното обвинителство ќе молчи? Или чека обвинителот насоки по телефон од премиерот Мицкоски?
Колку скандали треба да објави  АКТ на СДСМ за конечно институциите да почнат да работат? СДСМ нема да молчи. Ќе продолжиме да ги разобличуваме сите криминални шеми на ВМРО-ОКГ. Секој тендер“ порача Фрчкоски.

Најчитано