Англија ќе има рекордни девет претставници во европските фубдалски клупски натпреварувања

Англискaта фудбалска федерација ќе влезе во сезоната 2026/2027 со рекордни девет екипи во европските натпреварувања.

Тоа, претставува најголем број на клубови од една земја во историјата на европските купови.

Пет премиерлигаши ќе настапат во Лигата на шампионите – Арсенал, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Астон Вила и Ливерпул, додека Борнмут, Сандерленд и Кристал Палас одат во Лигата на Европа. Брајтон ќе игра во Конференциската лига.

Со тоа Англија поставува нов европски рекорд по број на учесници во една сезона.

Најчитано