Денеска се играат бараж натпреварите за опстанок, односно пласман во првата македонска фудбалска лига.
На „Градскиот стадион“ во Кавадарци од 16.30 часот се игра мечот помеѓу осмопласираниот од Првата лига, Пелистер, и третопласираната екипа од Втората лига, Шкендија Арачиново.
Вториот меч се игра на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола и очекувањата се дека ќе биде далеку понеизвесно за разлика од Кавадарци. каде се среќаваат Брера од Струмица и тимот на Скопје од Автокоманда.
Попладнево на програмата е и последниот бараж-меч за пополнување на Втората лига, а на стадионот во скопската населба Ѓорче Петров се среќаваат Тетекс од Тетово и Влазними од Струга. Тетовскиот второлигаш е голем фаворит на овој меч и се освен убедлива победа и задржување на второлигашкиот статус би било големо изненадување.
