Второлигашите Шкендија од Арачиново и Скопје од Автокоманда станаа дел од најелитната фудбалска македонска лига.
Во Битола екипата на Скопје беше поуспешна од Брера од Струмица и со резултат од 1:0 екипата од Автокоманда после многу години повторно се врати во првата лига.
Многу поинтересно беше во Кавадарци каде екипата на Шкендија направи изненадување и го победи фаворизираниот Пелистер од Битола.
Откако регуларниот дел заврши со резултат 1:1, арачиновци победија на пенали и со тоа за прв пат се пласира во Првата македонска фудбалска лига.
